Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Кандидатите за полицајци ќе имаат практична настава во СВР Скопје

Фотографија објавена на јавниот профил на Панче Тошковски
Фотографија објавена на јавниот профил на Панче Тошковски
  • Кандидатите за полициски службеници од последниот конкурс успешно го завршија првиот модул од основната обука.
  • Учениците ја завршија работната недела со церемонија на спуштање на државното знаме.
  • Според него, носењето полициска униформа е чест, но пред сѐ одговорност.

Кандидатите за полициски службеници од последниот конкурс успешно го завршија првиот модул од основната обука. Следно им претстои практична настава во СВР Скопје.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ги посети кандидатите, но и учениците од средното полициско училиште, кои добија нови униформи. Учениците ја завршија работната недела со церемонија на спуштање на државното знаме. Тошковски присуствуваше на церемонијата и им се придружи на ручек.

По разговорот со средношколците, Тошковски рече дека е горд на нивниот ентузијазам и посветеност и дека во овие млади луѓе ја гледа иднината на македонската полиција. Според него, носењето полициска униформа е чест, но пред сѐ одговорност. Затоа смета дека уште од првиот ден на образованието и обуката треба да се негуваат интегритетот, дисциплината, професионалноста и почитта кон секој граѓанин.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.