Дел од програмата е посветен на работата на Извршниот комитет на Унијата. Образовниот дел ги опфаќа политичкиот идентитет и демохристијанските вредности, одговорното лидерство и предизвиците во политичката комуникација.
Целта е преку политичко образование жените да ги развиваат своите лидерски способности и поактивно да учествуваат во јавниот живот, од креирањето на политиките до нивното спроведување. За ВМРО-ДПМНЕ, ваквото образование е важно и за јакнењето на партијата, бидејќи политичката одговорност бара знаење, подготвеност и постојан контакт со граѓаните.
Партнери на Унијата во организацијата се фондацијата „Конрад Аденауер“ и Партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“. На отворањето зборуваа претседателката на Унијата, Марија Митева, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Се обратија и Давор Пашоски од фондацијата, раководителот на центарот Светислав Васев и охридскиот градоначалник Кирил Пецаков.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.