М.М. на Фејсбук изнела наводи дека жената што управувала со возилото имала влијание врз полицајците. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди разговарал со учесниците во незгодата и со полицајците што го вршеле увидот. Според Одделот, тоа што таа ги препознала од незгодата на 3 ноември можело да остави впечаток дека лично ги познава и дека влијаела врз нивното постапување.
За да утврди што се случило по ударот, Одделот прегледал снимки од безбедносните камери на МВР во Скопје и од камери на правно лице. Според наодите, возилото било поместено од пешачкиот премин во десната лента на „Париска“, но жената останала на местото на незгодата. Таа го дочекала пристигнувањето на полицијата и останала до крајот на увидот.
Внатрешната контрола утврдила дека полицајците од Одделението за увиди на сообраќајни незгоди при СВР Скопје по пријавата излегле на местото, ги презеле потребните службени дејствија и веднаш по увидот го известиле надлежниот јавен обвинител. До Основното јавно обвинителство Скопје било доставено и писмено известување.
Откако ќе ја комплетира документацијата за незгодата, Одделението за увиди ќе поднесе пријава против Н.Т. до надлежното јавно обвинителство.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.