Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

ВИДЕО: Граѓаните во опасност ќе можат да побараат помош со тивок повик преку апликација

Гледај на Facebook

На почетокот на следната година граѓаните во опасност ќе можат дискретно да ги известат надлежните служби преку апликацијата „Where Are You“, најави Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Покрај видеоповик, апликацијата ќе нуди и тивок повик („silent call“). ЦУК оценува дека можноста дискретно да се побара помош е особено важна за жртвите на семејно насилство и за луѓето во други ситуации во кои им е загрозена безбедноста.

ЦУК ја развива апликацијата со поддршка од Министерството за внатрешни работи. Целта е подобра превенција, навремена реакција на службите и поголема заштита на граѓаните. За проектот вчера зборуваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во емисијата „Само интервју“.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.