Гаши објасни дека државата ги цени независните мислења на Комисијата затоа што зад нив стои темелна правна анализа заснована на европските демократски стандарди. Тој оцени дека нејзината стручна работа придонесува за владеењето на правото, за зајакнувањето на демократските институции и за заштитата на човековите права и основните слободи.
Венецијанската комисија, чие официјално име е Европска комисија за демократија преку право, е независно советодавно тело на Советот на Европа за уставни прашања. Со правни мислења и совети им помага на земјите членки да ги усогласат своите уставни и правни системи со европските и меѓународните стандарди за демократија, човекови права и владеење на правото.
Гаши потврди дека се залага соработката со Комисијата да продолжи преку отворен дијалог и размена на мислења. Според него, владеењето на правото, правната сигурност и зајакнувањето на демократските стандарди се предуслови за натамошниот демократски развој и за европската интеграција на Македонија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.