Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Се подготвуваат патеки за асфалтирање на улицата „Ѓорче Петров“ и во Мега парк Карпош

Извор на фотографијата: Ј.П ”Улици и патишта”-Скопје
Извор на фотографијата: Ј.П ”Улици и патишта”-Скопје
  • Во Зоолошката градина ја отстрануваат оплатата и поставуваат бехатонски плочи кај живеалиштата на животните.
  • На крстосниците со семафори работниците ги поправаат дефектите на семафорите и светлосната опрема.
  • Зимската служба дежура деноноќно во пунктовите и интервенира по потреба.

Екипите на скопското ЈП „Улици и патишта“ денеска ги подготвуваат за асфалтирање пешачката патека на улицата „Ѓорче Петров“ и патеки во Мега парк Карпош.

На пешачките патеки долж булеварот „Партизански Одреди“ работниците ги прередуваат оштетените бехатонски плочи. Во Зоолошката градина ја отстрануваат оплатата и поставуваат бехатонски плочи кај живеалиштата на животните. На кејот на Вардар рачно ги чистат косините.

На улицата „Васил Ѓоргов“ екипите ги нивелираат канализациските шахти, а на кракот 38 од булеварот „Македонско Косовска Бригада“ со машини го отстрануваат оштетениот асфалт.

На крстосниците со семафори работниците ги поправаат дефектите на семафорите и светлосната опрема. Ноќе екипите ја одржуваат сообраќајната сигнализација и опремата на градските улици.

Зимската служба дежура деноноќно во пунктовите и интервенира по потреба.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.