Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Самитот Брдо-Бриони во Охрид првпат собра пет претседателки и пет претседатели

Фотографија објавена на јавниот профил на Гордана Сиљановска-Давкова
Фотографија објавена на јавниот профил на Гордана Сиљановска-Давкова
  • Пет претседателки и пет претседатели денеска се собраа во Охрид на самитот на Процесот Брдо-Бриони.
  • Македонија по третпат претседава со Процесот, а првпат во Охрид.
  • Како основна цел на Процесот Брдо-Бриони ја посочи европската интеграција на Западниот Балкан.

Пет претседателки и пет претседатели денеска се собраа во Охрид на самитот на Процесот Брдо-Бриони. Ова е првпат на самит на Процесот да учествуваат еднаков број жени и мажи.

Македонија по третпат претседава со Процесот, а првпат во Охрид. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која го нарече Охрид културна и духовна престолнина на Македонија, заедно со Наташа Пирц Мусар и Зоран Милановиќ ги пречека лидерите од регионот.

Сиљановска-Давкова го оцени домаќинството во Охрид како признание за одговорниот однос на Македонија кон регионот. Како основна цел на Процесот Брдо-Бриони ја посочи европската интеграција на Западниот Балкан.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.