Фотографија објавена на јавниот профил на Основно училиште Григор Прличев- Скопје
Осмоодделенците од скопското основно училиште „Григор Прличев“ вчера работеа како новинарски тимови.
Едно од сценаријата беше пожар на Малешевските Планини, кај туристичките вили во близина на Беровското Езеро.
За извештаите, тимовите можеа да се послужат со учебник, атлас и сопствената фантазија.
Осмоодделенците од скопското основно училиште „Григор Прличев“ вчера работеа како новинарски тимови. Секој тим доби „итна вест“ за природна катастрофа и имаше 20 минути да подготви триминутен извештај како за вклучување во живо.
Едно од сценаријата беше пожар на Малешевските Планини, кај туристичките вили во близина на Беровското Езеро. Другите задачи беа за поплава и свлечиште во Непал, поплава во Босна и Херцеговина и земјотреси во Турција и во Чиле.
Со воннаставната вежба „Новинари во кризна ситуација“ учениците од VIII-а и VIII-б и нивниот наставник по географија Тоше Столески го одбележаа месецот на географијата. За извештаите, тимовите можеа да се послужат со учебник, атлас и сопствената фантазија. Требаше да објаснат каде и зошто се случила катастрофата, какви последици оставила и какви мерки за заштита би презеле локалните и централните власти.
·
Редакциска обработка
Оваа содржина може да биде делумно или целосно подготвена и уредена со помош на вештачка интелигенција и може да содржи грешки или неточности.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.