Како пример го посочи „Сејф сити“: граѓанинот веднаш добива СМС-порака, казната му ја наплаќаат од сметка и му запишуваат казнени поени. Кирјас ги критикуваше надлежните што во Дубаи се пофалиле како работи системот, додека дома тешко се наоѓаат пари за заштита на човечки живот.
Според Кирјас, за заменици-директори, кабинети и непотребен луксуз се трошат стотици милиони евра, а на граѓаните постојано им се вели дека нема пари. Тој оцени дека Македонија останува на третото место во Западен Балкан и дека поради неспособност и неспроведени реформи губи над 400 милиони евра европски средства.
Либерално-демократската партија (ЛДП) во ставовите на Кирјас гледа поддршка за своите барања: веднаш да почнат да се користат електронските нараквици за заштита на жените, студентите да ги добијат парите што им следуваат по закон и да се обезбедат лекови на Онкологија. Партијата бара законот да важи еднакво за сите и моќниците да одговараат пред него.
ЛДП ги покани граѓаните на отворената регионална либерална конференција „Кво вадис Европа?“, која ја организира со либералите од регионот и од Европа. Конференцијата ќе се одржи утре попладне и в недела наутро во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.