Кај кометите опашката често содржи прашина и гас што се ослободуваат од мразот. Кај Меркур, пак, неа ја сочинуваат главно атоми на натриум што ја напуштаат егзосферата, исклучително разредената гасна обвивка на планетата.
Меркур е најблиската планета до Сонцето. Силната сончева светлина и сончевиот ветер дејствуваат врз нејзината карпеста површина и помагаат од неа да се ослободат атоми на натриум. Потоа притисокот на сончевата светлина ги турка атомите во насока спротивна од Сонцето и така се создава опашката.
Сјајот и обликот на опашката се менуваат во зависност од положбата на Меркур на неговата орбита и од тоа како сончевата светлина дејствува врз површината на планетата и нејзината околина. За да ја фотографираат опашката, астрономите користат филтри што ја пропуштаат токму жолтата светлина што ја испуштаат атомите на натриум.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.