Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и портпаролка на Владата, во емисијата „Меѓу редови“ на телевизија Алфа рече дека и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се согласува да има јавна расправа. Таа очекува пратеничките од нејзината партија да ги прашаат колегите од СДС колку јавни расправи за семејното насилство свикале додека биле на власт.
Митева тврди дека во последните две години во Собранието се одржале рекорден број јавни расправи и дека со тоа ВМРО-ДПМНЕ исполнила ветување пред граѓаните. За споредба, рече дека порано јавните расправи биле реткост, а предлози за кривични закони се поднесувале со европско знаменце во 11 часот навечер.
Митева очекува пратеничките да го отворат и прашањето кој го изменил Кривичниот законик за телесна повреда при семејно насилство да се гони по службена должност. Таа посочи дека претходно жртвите ги повлекувале пријавите од страв, паника, економска или друга неизвесност. Според Митева, ВМРО-ДПМНЕ има политичка волја да го решава проблемот и повторно ќе треба да ги подобрува законските решенија што СДС ги претставувала како најсоодветни.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.