Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

ВИДЕО: Реџепи до премиерот: Зошто е потребен посебен закон само за правосудниот испит на албански?

Гледај на Facebook
  • Реџепи ја оспори потребата од посебен закон за правосудниот испит на албански.
  • Тој ја обвини Владата за политичка злоупотреба на студентските права.

Пратеникот Скендер Реџепи од Движењето „Попули“ денеска во Собранието го праша премиерот зошто Владата смета дека за полагање на правосудниот испит на албански јазик е неопходен посебен закон, а за другите стручни испити не се потребни дополнителни закони.

Според Реџепи, Владата на ВМРО и ВЛЕН го третира Законот за употреба на јазиците како посебен закон и го усогласува за полагање на сите други стручни испити на албански јазик. Затоа тој го оспори различниот пристап кон правосудниот испит.

Реџепи оцени дека проблемот не е во самиот закон, туку во тоа што Владата нема политичка волја целосно да го примени. Тој ја обвини Владата и за политичка злоупотреба на студентските права.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.