Нола работеше на македонските филмови „Џипси меџик“, „Преку езерото“, „Како лош сон“, „Превртено“, „Лазар“ и „Ослободување на Скопје“. Во текот на четири децении работеше на повеќе од 60 филмски и телевизиски остварувања.
Меѓу неговите меѓународни проекти се „Goltzius and the Pelican Company“ на Питер Гринавеј и „Sparrows“, филмот што ја освои Златната школка во Сан Себастијан. Неговата филмографија ги вклучува и „Welcome to Sarajevo“, „The Peacemaker“, „The Whistleblower“, „The Parade“, „Diana“, „Hitman’s Wife’s Bodyguard“ и „Speak No Evil“.
Колегите од Друштвото на филмските работници на Македонија се простија од Нола со зборовите: „Ќе го паметиме како исклучителен филмски професионалец, драг колега и голем пријател на македонскиот филм.“ Агенцијата за филм го истакна неговиот придонес во македонската кинематографија и изрази сочувство до семејството, пријателите и колегите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.