Избраните материјали ги приспособуваа според потребите на своите ученици. Потоа разговараа како со тие материјали да ги поврзат темите што ги предаваат со ситуации од секојдневниот живот.
Работилницата ја водеше Маја Виденовиќ, наставник-советник и амбасадорка на „Scientix“, европска заедница за СТЕМ образование. Покрај бесплатните материјали и наставните сценарија, Виденовиќ претстави дигитални алатки, нови начини на работа на час и СТЕАМ активности што ги поврзуваат природните науки, технологијата, инженерството, уметноста и математиката.
Целта беше наставниците да разменат идеи и искуства за тоа како да соработуваат со колегите кои предаваат други предмети и како да вклучат истражувачки и креативни активности во наставата. Преку „Scientix“ можат и професионално да се усовршуваат, да стапат во контакт со наставници од цела Европа и да соработуваат со нив.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.