Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

ВИДЕО: Четвртоодделенци од скопското „Кочо Рацин“ составија мал оркестар на час по музичко

Гледај на Facebook
  • Никола Христовски ја водеше музичката работилница во IV-б одделение.
  • Учениците слушнаа како звучи хармониката и составија свој мал оркестар.

Учениците од IV-б одделение во ООУ „Кочо Рацин“ во Скопје денес составија свој мал оркестар на часот по музичко образование. Работилницата ја водеше нивниот гостин Никола Христовски.

Со Христовски децата разговараа за различните видови музички инструменти и преку практични вежби го повторија она што го учеле за нив. На часот слушнаа и како звучи хармониката.

Одделенски наставнички на IV-б се Сања Мерџановска и Даринка Петрова. Од училиштето оценија дека ваквите гостувања ја збогатуваат наставата и им оставаат траен впечаток на учениците.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.