Основното училиште „Крсте Мисирков“ во Ченто доби нова зграда. Во Трубарево и Колонија се прошируваат училиштата „Крум Тошев“ и „Његош“, а во Железара и Црешево се градат училишни спортски сали.
Општината обезбеди бесплатни униформи за сите ученици и по 3.000 денари за секое прваче. Помошта за новороденче ја зголеми на 8.000 денари. За младите до 40 години воведе ослободување од комуналии за изградба на куќа, а за младите има и субвенции за обука и полагање возачки испит.
Во годината кога Гази Баба одбележува 50 години од постоењето, во Ченто повторно се одржуваат културни настани во Домот на културата „11 Октомври“. Домот е обновен по 40 години и во него повторно се собираат жители од различни генерации.
Во општината се реконструирани над 15 километри улици. Заедно со Град Скопје, Гази Баба ги реконструираше улицата „Перо Наков“ во Маџари и натпатникот Естакада во Автокоманда. Во Идризово и Јурумлери се гради фекална канализација, додека за завршната фаза на канализацијата во Чукур Маало во Трубарево и во Гоце Делчев е склучен договор.
Стефковски им порача на жителите дека кога ќе посочат проблем, обврска на општината е да излезе на терен, да побара решение и да ги извести до каде стигнала работата. Рече дека ќе продолжи да дава отчет за работата во сите населени места.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.