На министерскиот состанок за европска интеграција, дел од Самитот за Планот за раст на Западен Балкан, Сали претстави до каде е земјата со спроведувањето на Реформската агенда. Како пример за тоа што веќе носи европската интеграција, тој ги посочи плаќањата преку Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), од кои заштедите се проценуваат на над пет милиони евра. Меѓу придобивките ги вброи и новите можности за компаниите и мрежата „WiFi4WB“, која ја користат повеќе од 204.000 луѓе.
За побрзо вклучување во единствениот европски пазар, приоритети остануваат полесното минување на границите и поблиското поврзување во индустријата и дигиталниот сектор. Сали рече дека меѓу приоритетите е и да се забрзаат подготовките за приклучување кон европскиот режим за роаминг „Roam Like at Home“.
Според Сали, домашните реформи треба да отворат повеќе можности за граѓаните и компаниите, а постепената интеграција треба да го забрза пристапувањето на Македонија во ЕУ, а не да го замени полноправното членство.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.