Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Ѓорѓиевски: Догодина ќе градиме по едно средно училиште во Драчево и во Ѓорче Петров

Гледај на Facebook

Град Скопје планира следната година да гради две нови средни училишта, едно во Драчево и едно во Ѓорче Петров, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Во постојните градски средни училишта се заменети дотраените покриви, а во тек е и поставувањето фотоволтаични панели. Ѓорѓиевски рече дека покривите со години прокиснувале и дека, иако проблемот бил познат, неговото решавање се одложувало. Тој смета дека ниту една генерација не треба да чека основни услови за настава и дека негова одговорност е да им обезбеди подобри услови за работа на професорите и нови можности на учениците.

Градот ги обнови училишните спортски терени, а училниците ги опреми со нов мебел, компјутери, лаптопи и интерактивни табли. Во средното училиште „Димитар Влахов“ е отворен фризерско-козметички салон каде што учениците го учат занаетот со професионална опрема.

Градот обезбеди ормарче за секој ученик, бесплатни униформи за учениците од прва година и лаптопи за првенците на генерацијата. За средношколците организираше и бесплатен едукативен камп во Охрид, а за зимава планира ски-викенд.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.