Членовите на Советот ги разгледаа програмата и организацијата на петтото издание на состанок во Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе. На нивен предлог беа избрани и добитниците на награди од повеќе области. Доделувањето е планирано за мај 2027 година, на свечена академија.
Фестивалот го носи името на првиот македонски печатар Јаков од Камена Река, кој во 1566 година во Венеција ја отпечатил книгата „Часослов“. Целта на фестивалот е да ги негува македонскиот јазик и кирилицата, националниот идентитет и традицијата, а да ги промовира и културата, науката и образованието.
На јазикот и писмото им е посветен традиционалниот конкурс за најубав кириличен испис со краснопис на македонски јазик. Преку конкурсот, литературните и уметничките активности и признанијата, фестивалот претставува домашни автори, научници, уметници и други поединци кои со својата работа ја промовираат Македонија во земјата и во светот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.