Фотографија од настанот · Ј.П ”Улици и патишта”-Скопје
На кејот на Вардар рачно ги чистат косините покрај реката.
Во Зоолошката градина ја отстрануваат оплатата и поставуваат бехатонски плочи кај живеалиштата на животните.
За асфалтирање се подготвуваат пешачката патека на улицата „Ѓорче Петров“ и патеките во Мега парк Карпош.
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ денеска ги поправаат и прередуваат оштетените гранитни плочи на скопската улица „Кеј 13-ти Ноември“. На кејот на Вардар рачно ги чистат косините покрај реката.
На пешачките патеки долж булеварот „Партизански Одреди“ работниците ги прередуваат оштетените бехатонски плочи. Во Зоолошката градина ја отстрануваат оплатата и поставуваат бехатонски плочи кај живеалиштата на животните.
За асфалтирање се подготвуваат пешачката патека на улицата „Ѓорче Петров“ и патеките во Мега парк Карпош. На кракот 38 од булеварот „Македонско Косовска Бригада“ екипите со машини го отстрануваат оштетениот асфалт.
На крстосниците екипите ги поправаат дефектите на семафорите и на светлосната опрема. Во текот на ноќта ќе работат на одржување на сообраќајната сигнализација и опремата на градските улици. Зимската служба дежура 24 часа на пунктовите и интервенира по потреба.
·
Редакциска обработка
Оваа содржина може да биде делумно или целосно подготвена и уредена со помош на вештачка интелигенција и може да содржи грешки или неточности.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.