Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Македонија во 2024 година извезла услуги за околу милијарда евра повеќе отколку што увезла

Гледај на YouTube

Македонија остварила суфицит од околу една милијарда евра во трговијата со услуги во 2024 година. Тоа го покажуваат првите експериментални податоци што Државниот завод за статистика ги објави за меѓународната трговија со услуги.

Извозот на услуги достигнал близу 2,1 милијарда евра, а увозот изнесувал приближно 1,1 милијарда евра. Кај стоките е обратно: Македонија континуирано увезува повеќе отколку што извезува.

Анета Димовска, проектен менаџер во Стопанската комора на Северна Македонија, објасни дека суфицитот кај услугите придонесува за подобрување на вкупниот платен биланс на земјата. Според неа, подетална анализа на податоците може да послужи за подготовка на конкретни мерки за поддршка и унапредување на извозот на услуги.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.