Акташ ги посочи и економијата и туризмот како области за можна соработка. Тој оцени дека односите меѓу Македонија и Турција зајакнуваат и дека очекува тоа да продолжи. Во Гостивар, рече амбасадорот, дошол за да разговара за тоа како Турција може поблиску да соработува со општината.
Лимани потсети дека Гостивар веќе има реализирано проекти со турски партнери. Како следен чекор ја посочи можноста за размена на искуства со општини од Турција. Тој изрази надеж дека посетата ќе поттикне нови заеднички проекти со турските општини и институции. Целта е таквите проекти да придонесат за развојот на Гостивар и да ги зацврстат пријателските врски меѓу двете земји.
На крајот од средбата Лимани и Акташ разменија подароци, а потоа посетија неколку места во Гостивар, меѓу кои и основното училиште Мустафа Кемал Ататурк.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.