Пријавувањето е чин на храброст, рече Јанев, а одговорноста за насилството секогаш е кај сторителот. Жртвата не смее сама да го носи товарот: кога некој ќе побара помош, полицијата треба да постапи ефикасно и професионално, а надлежните институции поблиску да соработуваат. Справувањето со семејното и родово базираното насилство, нагласи тој, е стратешки приоритет на Бирото.
Јанев зборуваше на настан на Мисијата на ОБСЕ во Скопје по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, со кој започнува глобалната кампања „16 дена активизам“. Темата беше дигиталното насилство врз жените и девојчињата како сѐ поизразен облик на насилство што ги загрозува нивната безбедност, приватност и достоинство.
Покрај заштитата на жртвите, Јанев побара институциите постојано да работат на превенцијата и активно да ги вклучат младите во таа работа. Соработката со нив, според него, е важна за градење доверба, меѓусебна почит и заедничка одговорност за спречување на насилството.
„Посветеноста на институциите не се мери според зборовите што ги кажуваме денес, туку според сигурноста, довербата и промените што ги обезбедуваме секој ден“, порача Јанев.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.