Најважно
357 вести · 24 ч.
Берово -5°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Стојаноски бара утре да заврши надзорната расправа за „Алта банка“

Фотографија објавена на јавниот профил на Бојан Стојаноски
Фотографија објавена на јавниот профил на Бојан Стојаноски

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски побара собраниската комисија утре да ја продолжи надзорната расправа за „Алта банка“, да ги сослуша сведоците и истиот ден да ја заврши расправата.

По сослушувањето, според Стојаноски, комисијата треба да усвои заклучоци. Тој се спротивстави на натамошно одложување и порача дека наместо политички калкулации, потребни се факти, одговорност и одлуки од институциите.

Стојаноски најави и поддршка за иницијативата за вонредна собраниска седница за семејното насилство. Тој побара институциите да одговорат на секоја пријава, а обвинителството и судовите да објаснат зошто дел од случаите сѐ уште немаат конечна разрешница.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.