Реката тече низ селата кон сливот на Треска, важна е за полето во Белица и е живеалиште на бројни растителни и животински видови. При испитувањата, видрата и вилинските коњчиња служеле како показатели за состојбата на речниот екосистем, а квалитетот на водата бил испитан и со мерење на нејзините хемиски параметри.
Во проектот за почисти реки во кичевската општина, финансиран преку програмата „Хоризонт“ на ЕУ, соработуваа Македонското еколошко друштво, Фармахем и Здружението за развој на месната заедница во село Белица. Покрај испитувањата, проектот опфати и јавна кампања за проблемот со отпадот и за заштитата на речните екосистеми.
На работилницата учесниците разгледаа препораки и предложија следни чекори за намалување на загадувањето, поодговорно постапување со отпадот и подобро управување со реката. Заклучоците и препораките ќе бидат доставени до Општина Кичево како основа за планирање и спроведување активности за управување со отпадот и заштита на Беличка Река.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.