Покрај археолошките истражувања и анализите на материјалната култура, застапени се епиграфиката, која ги проучува натписите, и нумизматиката, која ги проучува монетите. Авторите пишуваат и за археометријата, антропологијата, геофизичките истражувања и примената на современи научни методи во археологијата. Други прилози се посветени на историјата на музејот и на тоа како се толкува и се претставува археолошкото наследство пред јавноста.
На 415 страници се собрани трудови на 43 автори. Од нив, 32 се од Македонија, а меѓу 11-те странски автори има истражувачи од Италија, Канада, Словенија, Полска, Грција, САД и Србија. Поради обемот, разновидноста на темите и учеството на домашни и странски научници, музејот го оценува Зборникот како значаен придонес кон македонската археолошка библиографија, со трајна научна и документарна вредност.
Содржината на Зборникот и трудовите на авторите ќе ги претстават проф. д-р Ирена Теодора Весевска и д-р Перо Арџанлиев. Промоцијата ќе почне во 12:30 часот во конференциската сала на Националниот археолошки музеј.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.