Левица ја обвинува ДПМНЕ дека трошокот од својата енергетска политика го префрла врз семејствата. Според партијата, поскапуваат и основните прехранбени производи, синдикалната кошничка надминала 70.000 денари, а Владата не презема мерки за раст на платите и за зауздување на цените.
Партијата му забележува на Мицкоски дека со години ја градел политичката кариера претставувајќи се како експерт за енергетика, а наместо енергетската ренесанса што ја најавувал, граѓаните плаќаат сѐ повисоки сметки.
Според Левица, во 2024 година Мицкоски ветувал пониски сметки, а во мај годинава зборувал за можност струјата да поевтини за пет до десет проценти. Во август, посочува партијата, уверувал дека нема да има поскапување, а во ноември веќе најавувал можни повисоки цени и тешка зима. Левица го обвинува дека поскапувањето го претставува како успех со образложение дека можело да биде и поголемо.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.