Двата суда ја продолжуваат досегашната соработка со можност за заеднички стручни средби, семинари и конференции, како и за други активности од заемен интерес. Тие се обврзаа да го развиваат партнерството со меѓусебно почитување и со целосно почитување на уставната и институционалната независност на секој суд.
Пред потпишувањето, учесниците разговараа за улогата и надлежностите на уставните судови, за нивната независност и самостојност, како и за тоа како се почитуваат и извршуваат нивните одлуки. Во разговорот се вклучија и раководителите на одделенијата во Канцеларијата на регистраторот на Уставниот суд на БиХ. Учесниците оценија дека соработката придонесува за уставноста и законитоста, владеењето на правото и заштитата на човековите права и основни слободи.
Посетата на Сараево трае од 22 ноември до утре. Во делегацијата што ја предводи Костадиновски се судиите Татјана Васиќ-Бозаџиева, Фатмир Скендер и Мери Дика-Георгиевска, генералната секретарка Виолета Ѓорѓиевска и самостојната советничка за протоколарни работи Симона Герасимова-Јовановска.
Покрај Ќеман, делегацијата ја пречекаа потпретседателката на судот Валерија Галиќ, судиите Марин Вукоја и Лариса Велиќ, генералната секретарка Наташа Вуковиќ и регистраторката Ерда Зачирагиќ.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.