На дебатата во Куманово, Емилија Јакимовска од заедницата Карпош посочи дека прашањата што ги отвораат жените не се однесуваат само на нив. Низ сопственото искуство тие укажуваат на потребите на сите жители, а нивното гледиште често недостига кога се носат локални одлуки, оцени Јакимовска.
Покрај поголемата застапеност во советите на месните заедници, учесничките побараа полесен пристап до информации и поредовни разговори со локалните власти. Во Демир Капија општинските претставници најавија дека планираат еднаш месечно да се среќаваат со граѓаните и со локалните групи на жени.
Дебатите ги организираа фондацијата Квина тил Квина, Акција Здруженска и Хуманитарното здружение Мајка од Куманово, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Амбасадата на Шведска во Скопје. За фондацијата, следниот чекор е да се работи на спроведување на предлозите, а жените да продолжат да учествуваат во одлуките за развојот на своите заедници.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.