Учениците ја подготвија програмата во чест на Денот на албанската азбука и Денот на албанското знаме, со акцент на историското и културното значење на ноемвриските празници. На крајот од вечерта признанија добија наставниците кои помогнаа да се оствари програмата, меѓу нив и наставници по ликовна уметност.
Празничната програма ја водеше Еда Сулејмани од ООУ „Исмаил Ќемали“. Хорот на нејзиното училиште настапи со солистката Деа Таип под водство на наставникот по музика Едис Алиу. На ликовната изложба учествуваше Елма Муслији со поддршка на менторката Елита Алити Цури. Општина Чаир им додели признанија на Алиу и на Алити Цури.
Алеа Џафери од ОУ „Конгреси и Манастирит“ го интерпретираше есејот „Албанските празници“ под менторство на наставничката Мирјета Реџепи. Мелике Кадриовска од истото училиште се претстави со ликовна творба што ја подготви со наставничката Алма Леши Сарачини. Двете менторки добија признанија од Општина Чаир за подготовката на ученичките.
Осум ученички од ОУ „Хасан Приштина“ изведоа народно оро што го подготвија со наставникот по физичко и здравствено образование Агрон Буши. На изложбата учествуваше и Флутра Абдулаи од истото училиште, под менторство на наставникот по ликовно образование Илир Сопи.
Мухамед Муртези, претседател на Советот на Општина Чаир, го пофали трудот на учениците и наставниците и нагласи дека е важно младите да се воспитуваат во духот на националните вредности. На публиката ѝ се обрати и Мјелма Гаши, одговорна во општинскиот Сектор за образование.
Прославата што ја организира Општина Чаир ќе продолжи до 28 ноември со концерти и други културни настани. Завршницата ќе биде на плоштадот „Скендербег“, со централната манифестација „20 години гордост“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.