Проектот е вреден 94 милиони денари и опфаќа реконструкција, санација и приспособување на објектот за повеќе намени. Сулејмани оцени дека работите напредуваат со добро темпо. Покрај просторот за културни настани, тој во обновеното кино гледа и место за средби на уметниците со граѓаните.
Со вложувањата во културните објекти, заштитата и промоцијата на наследството и поддршката на творештвото, Министерството цели културните содржини да им бидат подостапни на граѓаните. Посетата на битолските установи Сулејмани ја почна во Музејот на албанската азбука. Таму ја разгледа постојаната поставка за улогата на Битола во развојот на албанската писменост и за Битолскиот конгрес од 1908 година.
Сулејмани се сретна и со директорите на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола, Центарот за култура, Народниот театар и Камерниот оркестар во Битола. Со Нуер Арслани, Маргарета Спасов, Сашо Илковски, Васко Мавровски и Љупчо Милевски разговараше за програмите и завршените проекти, за тешкотиите со кои се соочуваат установите и за тоа што им е потребно за да ја унапредат работата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.