Снимките што ги добила Левица се од настан на 24 април 2026 година. Според партијата, четири лица прво го нападнале младото лице, а полицајците го удирале по приведувањето. Левица тврди дека еден полицаец во цивил го удрил со нога додека лежело на земја.
За случајот во Кавадарци, Левица бара да се провери дали поради лични и роднински врски со вмешаните имало обид за прикривање. За случајот во Охрид, пак, партијата вели дека семејството на момчето има видеоснимки и медицинска документација.
Од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и од Одделот за внатрешна контрола, Левица бара одговор дали се отворени постапки за двата случаја, кои мерки се преземени и дали снимките се официјално прибавени како доказ. Партијата прашува и дали се проверува можно влијание врз постапките и дали се испитува одговорноста на командирите и раководителите кои биле присутни или знаеле за настаните.
Левица бара истрагата да ги утврди сите факти и прашува дали ќе биде санкциониран секој службеник за кој ќе се утврди дека незаконски употребил сила. Партијата потсетува дека полицијата е законски обврзана да ги штити граѓаните и дека униформата не смее да се користи за насилство, заплашување или лични интереси. Од Тошковски бара да покаже дека контролата во МВР важи и за поединци блиски до власта.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.