Според извештајот, во пораките на платформата „Слек“ станало збор за тоа што би се случило со општеството ако автоматизацијата остави голем број луѓе без работа. Една од можностите што ги спомнал Амодеи биле игри во кои човек би можел толку да се внесе што постигнувањата во виртуелниот свет би му давале чувство на цел. Идејата била изнесена во разговор меѓу колеги, пред основањето на „Антропик“.
Амодеи јавно зборувал за слично прашање во разговор со Лекс Фридман во 2024 година. Тогаш дал мисловен пример: човек минува 60 години работејќи и остварувајќи цели, а дури потоа дознава дека сето тоа било игра. Прашањето што го поставил било дали тоа сознание би ја променило вредноста на она што човекот го доживеал.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.