ЕСЕ ги вбројува јавните набавки меѓу деловите на здравствениот систем најподложни на корупција.
За содржината одговараат исклучиво ЕСЕ и партнерските организации.
Видеото може да се погледне и на албански јазик.
Кога се местат тендери за лекови, медицинска опрема или материјали, пациентите може да чекаат подолго за здравствена услуга или да добијат понеквалитетна услуга, предупредува Здружението ЕСЕ во петтото видео од серијалот „Здравјето не смее да има цена“.
ЕСЕ ги вбројува јавните набавки меѓу деловите на здравствениот систем најподложни на корупција. Според здружението, тендерите најчесто се местат со поткуп на оние што одлучуваат за набавката, со фаворизирање одредени добавувачи или со тајни договори меѓу компании што треба да се натпреваруваат на тендерот.
Видеото е дел од проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“, кој ЕСЕ го спроведува со поддршка од „Expertise France“ преку Француската агенција за развој („AFD“). За содржината одговараат исклучиво ЕСЕ и партнерските организации. Таа не ги претставува ставовите на институциите што го поддржуваат проектот.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.