Визното прашање беше дел од разговорот за туризмот и културата, во кои Димитровски и Ким гледаат можност за зближување на двата народа и покрај географската оддалеченост. Двајцата изразија интерес и за посилен политички дијалог и поблиска соработка меѓу двете земји, особено во економијата и трговијата.
Димитровски и Ким разговараа и за актуелните геополитички движења, за состојбите во Индо-Пацификот и на Западен Балкан, како и за безбедносните и економските предизвици на регионално и глобално ниво.
Соговорниците го оценија НАТО како клучен гарант на мирот и безбедноста во Европа. Според нив, партнерството на Јужна Кореја со Алијансата е важно за справување со современите безбедносни предизвици и придонесува за мир, стабилност и одржлив развој во светот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.