Само за храна и пијалаци се потребни околу 26.000 денари, односно цела минимална плата, рече Филипче. Синдикалната кошничка, според него, достигнала 71.000 денари, а кога ќе се вклучат и трошоците за домување, потребни се околу 90.000 денари месечно.
Филипче рече дека Мицкоски во септември ветувал дека струјата нема да поскапи, а сега се најавува повисока цена по Нова година. Тој предупреди дека поскапување на струјата за дополнителни 2 до 3 проценти ќе доведе до нов раст на цените на сите производи во земјава.
За собраниската расправа за буџетот, Филипче рече дека власта тврди оти нема пари за минимална плата од 600 евра и за поголем износ за студентскиот оброк, а „има за партиски тендери“.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.