223 вести · 24 ч.
Берово 2°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Новинари во Скопје вежбаа како темите за интелектуална сопственост да станат јасни стории

Фотографија од настанот · Државен завод за индустриска сопственост
Фотографија од настанот · Државен завод за индустриска сопственост

Како да се препознаат и истражат теми за интелектуална сопственост и да се претворат во разбирливи новинарски стории беше во фокусот на практичните вежби на дводневната обука за новинари, одржана на 17 и 18 ноември во хотелот „Мериот“ во Скопје. Учесниците работеа со домашни и меѓународни експерти на јасно и одговорно пренесување на овие теми до јавноста.

Обуката беше дел од Деновите на медиумска едукација 2026, со цел новинарите да стекнат знаења и практични вештини за разбирање, истражување и професионално известување за интелектуалната сопственост. Програмата ги опфати правата од оваа област, институционалната и законската рамка во Македонија, како и европските практики и перспективи.

Во презентациите и дискусиите учествуваа претставници на Канцеларијата на Европската Унија за интелектуална сопственост („EUIPO“), Европската опсерваторија за повреди на правата од интелектуална сопственост, Данската канцеларија за патенти и трговски марки („DKPTO“) и Грчката организација за индустриска сопственост („OBI“). Од домашните експерти учествуваа проф. д-р Неда Здравева и д-р Валентин Пепељугоски.

Практичните вежби беа надополнети со интерактивни дискусии и размена на искуства. Државниот завод за индустриска сопственост оценува дека преку нив новинарите ги унапредиле знаењата и вештините за препознавање и обработка на темите, нивно претворање во релевантни стории и јасна, разбирлива и одговорна комуникација со публиката.

Настанот го отвори заменик-директорката на Заводот, Јелена Пеева, која ја нагласи улогата на медиумите во информирањето на јавноста за значењето на интелектуалната сопственост. Заводот и „EUIPO“ ја истакнаа важноста на континуираната соработка со новинарите како партнери во подигнувањето на јавната свест за заштитата на овие права.

Обуката ја организираа Државниот завод за индустриска сопственост и „EUIPO“ преку проектот „EU4IP-WB6“+„Moldova“, со кој Европската Унија ја поддржува заштитата на правата од интелектуална сопственост во земјите од Западен Балкан и во Република Молдавија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.