Петревски е автор на романите за деца и млади „Споменка“, „Марта“, „Другата Марта“, „Исти очи“ и „Се викам Вивиен Ли“, а негови дела се преведени на повеќе јазици. Според училиштето, средбата предизвикала голем интерес кај учениците, кои активно се вклучиле во дискусијата.
Завршниот настан се одржа под мотото „Отвори книга! Отвори нов свет!“, а го реализираа членовите на библиотекарската секција, Ученичкиот парламент и голем број наставници.
Низата настани во изминатиот период беше насочена кон поттикнување на читањето и зајакнување на сите компоненти на читачките вештини кај младите читатели. Од училиштето изразија надеж дека со заедничките активности придонеле кон таа цел.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.