Сите тројца повредени се пуштени на домашно лекување откако им била укажана лекарска помош на одделенијата за ортопедија и максилофацијална хирургија. Коњановски ги пренесе овие информации од Итната медицинска помош во Битола и Клиничката болница.
Според градоначалникот, ветерот што дуваше од синоќа и во текот на денешниот ден на моменти достигнувал удари над 50 километри на час. До денеска во 14:30 часот, во ЈП „Комуналец“, Центарот за управување со кризи, СВР Битола и Општината биле пријавени околу 20 паднати дрвја на јавни површини и во дворови на станбени згради. Од паднатите дрвја биле оштетени неколку автомобили.
Екипите на „Комуналец“ беа на терен во текот на денот, а по прекинувањето на силниот ветер започнаа со целосно расчистување и отстранување на паднатите дрвја и гранки. Коњановски попладнево беше на терен со директорот на претпријатието, од кого ги добил податоците за пријавените дрвја.
Коњановски попладнево пренесе и информација од Управата за хидрометеоролошки работи дека ветер се очекува до вечерните часови. Тој апелираше граѓаните да бидат особено внимателни до стабилизирање на временските услови и целосно расчистување на теренот од јавните претпријатија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.