На собирот, кој ги обединува земјите од евро-медитеранскиот регион, Хоџа ја истакнал потребата од силна регионална соработка во услови на сериозни климатски предизвици. Тој нагласил дека заедничката вода подразбира и заедничка одговорност.
Хоџа се осврнал на интегриран пристап што го поврзува секторот за води со енергетиката, земјоделството и заштитата на животната средина. Посочил дека водните ресурси не можат да се третираат изолирано и дека современиот развој се потпира на дигитализација.
Според соопштението на Министерството, националните политики преку процесот на евроинтеграции се усогласуваат со европските стандарди, со посебен акцент на подобрувањето на третманот на отпадните води и градењето климатска отпорност.
Хоџа нагласил дека за остварувањето на овие цели се потребни значајни инвестиции, одржливо финансирање и силна мобилизација на домашните и меѓународните ресурси.
Тој изразил целосна поддршка за министерската Декларација за вода и Римската иницијатива, како и целосна подготвеност за активно партнерство со сите земји од регионот. Целта, според соопштението, е стратешките обврски да се претворат во конкретни проекти за одржлива иднина.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.