
Јованка Тренчевска
До Претседателот на Собрание на Република Северна Македонија Г-дин Африм Гаши
Предмет: Пратеничко прашање
Согласно член 38 и 39 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија поставувам пратеничко прашање до министерот за здравство Сашо Клековски.
Ракот на дојка претставува едно од најчестите малигни заболувања кај женската популација и е една од водечките причини за смртност од малигни заболувања кај жените во Република Северна Македонија. Според податоците на Фондот за здравствено осигурување, во земјава годишно се регистрираат меѓу 800 и 1.000 нови случаи на рак на дојка, а бројот на жени кои се соочуваат со ова заболување укажува на потребата од континуирани и ефикасни превентивни активности.
Имајќи ја предвид важноста на превенцијата и раното откривање на ова заболување, како и значењето на достапноста и ефикасноста на Скрининг програмата за рано откривање на рак на дојка, неопходно е да се направи детална анализа на нејзината реализација и искористеност во изминатите три години, како и во тековната 2026 година.
Имајќи ги во превид горенаведеното, Ве прашувам:
1. Колку жени биле опфатени со програмата и колкав дел од целната популација претставуваат? 2. Колку време просечно се чека за мамографија? 3. Колку жени со сомнителен наод добиле дополнителна дијагностика и во кој рок? 4. Колку жени се откажале и не го реализирале терминот и дали причините се нефункционалност на мамографите? 5. Каде се е достапна услугата за мамографија, во кои населени места поделени по регион? 6. Колку време се чека за контрола, преглед на веќе дијагностицираните и оперирани жени од рак на дојка?
Со оглед на значењето на ова прашање, барам навремено и целосно доставување на бараните информации и за истите да доставите соодветна релевантна документација.
Пратеник: Јована Тренчевска