348 вести · 24 ч.
Берово 8°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Николова прашува за вакцините против сезонски грип и системот за пријавување

Резиме

Пратеничката Даниела Николова поставува прашање до министерот за здравство Сашо Клековски за вакцинацијата против сезонски грип. Таа бара да дознае колку граѓани се пријавиле, кога ќе пристигне нова количина вакцини и дали таа ќе ги задоволи потребите, како и што се случува со системот за пријавување. Николова изразува сомневање дека достапноста на вакцините и проблеми со пријавувањето може да им го отежнат пристапот на граѓаните до вакцинација.

Одговор од институцијата не е достапен во доставените податоци.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Даниела Николова

До Претседателот на Собрание на Република Северна Македонија Г-дин Африм Гаши

Предмет: Пратеничко прашање

Согласно член 38 и 39 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија поставувам пратеничко прашање до министерот за здравство Сашо Клековски.

Постапката за вакцинација против сезонски грип е во тек и во пикот на сезоната.Поради бројката на достапност на вакцини,проблем при пријавување и поврат на одговор при пријавување кај граѓаните постои основано сомневање дали ќе можат да се пријават преку системот и дали воопшто ќе можат да се вакцинираат.

Имајќи ја предвид важноста на превенцијата и навременото примање на вакцината против сезонски грип,пратеничките прашања гласат:

1.Колку граѓани има пријавено за вакцинирање против сезонски грип?

2.Кога ќе пристигне новата количина на вакцини и дали ќе се задоволат сите потреби?

3.Што се случува со системот за пријавување за вакцинација?

Ако го имаме во обзир значењето на ова прашање,кратките рокови за постапување и спроведување на истиот барам навремено и целосно доставување на бараните информации.

Пратеник: Даниела Николова

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за здравство

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања