347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Даути бара податоци за ангажирани лица и нивната етничка припадност

Резиме

Илире Даути прашува за вкупниот број лица ангажирани во наведени институции и сектори преку договори на дело, авторски договори, договори на определено време и агенции за привремени вработувања. Таа бара збирен приказ за сите институции во апсолутни бројки и проценти според етничката припадност, а за секој сектор и институција одделно — во апсолутни бројки и според етничката припадност.

Документ со институционален одговор не е објавен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Илире Даути

ДО: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА г. Африм Гаши

Предмет: Пратенички прашања

Врз основа на членовите 38 и 39 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, поставувам пратеничко прашање до министерот за финансии, Гордана Димитриеска Кочовска.

Во својство на пратеничка, барам од Вашето министерство да ми достави официјални, точни и детални податоци во врска со следново прашање:

Колкав е вкупниот број на лица кои во моментот се ангажирани (поединечно по институции), врз основа на договори на дело, авторски договори, договори на определено време, како и договори за отстапување на работници преку агенции за привремени вработувања, во следниве сектори:

1. Органите на државната власт; 2. Институциите од областа на културата; 3. Институциите од областа на здравството; 4. Институциите од областа на детската заштита и социјалната заштита (основани од државата); 5. Јавните претпријатија, установите и јавните фондови; 6. Единиците на локалната самоуправа (за лицата ангажирани за вршење административни работи во општините); 7. Други правни лица чиј основач е Република Северна Македонија.

Страна 1 од 3

Во врска со горенаведените лица, барам бараните информации (податоци) да ми бидат доставени структурирано, во две задолжителни форми:

1. Како вкупен кумулативен збир за сите наведени институции заедно, прикажан во апсолутни бројки и во точни проценти, според етничката припадност; 2. Јасно издвоени за секој сектор и за секоја институција поединечно, детално прикажани, како во апсолутни бројки, така и според етничката припадност за секој одделен случај.

ПРАТЕНИЧКА/ Илире Даути/

Страна 2 од 3

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за финансии

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања