
Јованка Тренчевска
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – Скопје ПРИМЕНО: 04.11.2026 Оп.Единица Број Прилог Вредност 08 6771/1 0
До Претседателот на Собрание на Република Северна Македонија Г-дин Африм Гаши
Предмет: Пратеничко прашање
Согласно член 38 и 39 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија поставувам пратеничко прашање до министерка за енергетика,рударство и минерални суровини Сања Божиновска.
Во јавноста е достапна информацијата дека „Силген ресурсис“,која е поранешна фирма „ќерка“ на „Силекс неметали“ на локацијата Плавица-Црн врв, врши теренски и истражувачки работи, вклучувајќи тука и изработување на студии за животна средина, а се со цел да започне постапка за ископување на злато,бакар и сребро. Имајќи во предвид дека во 2019 година локалната самоуправа на општина Пробиштип, даде негативно мислење за отварање на овој рудник кој е планиран да биде со површинен коп и со изградба на јаловиште кое би било во непосредна близина на градот. Последните активности од теренот повторно предизвикаа загриженост помеѓу локалното население. Од тука се наметнува следново прашање:
Дали „Силген Ресурсис“,како носител на концесијата за истражување на рудно наоѓалиште на Плавица,има поднесено до сега барање за дозвола за експлоатација до надлежните министерства, односно дали и кога е поднесено барање за добивање на дозволата за експлоатација ( со наведување на бројот на одлуката и датумот на истата)?
Со оглед на значењето на ова прашање, барам навремено и целосно доставување на бараните информации.
ПРАТЕНИК Јована Тренчевска