
Митко Трајчулески
Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 1 од 3 ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Митко Трајчулевски, поставено на 127-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 29 октомври 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван претседател на Владата, моето прво прашање е. Дали ќе се откажете од намерата за спојување Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање имајќи во предвид тешкото и болно историско искуство со злоупотребата на службите и опасноста повторно да се концентрира огромна, безбедносна моќ под една политичка контрола. Ова прашање го поставувам со длабока загриженост затоа што, Македонија не смее да си дозволи уште едно искуство во кое службите ќе станат инструмент на владејачката партија, а граѓаните ќе станат предмет на следење, притисок и заплашување. Нашата држава веќе ја плати цената на злоупотреба на безбедносниот апарат и тоа два пати и дата пати во време на владеење на ВМРО - ДПМНЕ. Скандалот со незаконското прислушување покажа колку се опасни службите кога надзорот потфрла, а политичката моќ останува без ефективни ограничувања. Последиците беа длабока, политичка и институционална криза и тешко нарушена доверба во државата. Во сите меѓународни извештаи Македонија беше дефинирана како заробена држава и режим. Изгубената доверба не се обновува со спојување на службите и со дополнителна концентрација на моќта. Се обновува со ограничување на можностите за злоупотреба со професионална независност и со вистинска демократска контрола. Владата до Собранието достави Предлог Закон за престанување на важењето на Законот на координација на безбедносна - разузнавачката заедница. Станува збор за Закон донесен во 2019 година, како дел од реформите на безбедносните служби по скандалот со
Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 2 од 3 масовното прислушување. Но, господине премиере, она што е особено важно е и што и самата Влада во образложението на Предлог Законот оценила дека постојниот Закон е системски правилно поставен и концепциски усогласен со стандардите на ЕУ и НАТО. Истовремено, наведоа дека неговата примена во практиката била ограничена поради институционална недоверба и недостиг на оперативен капацитет и тука се отвора суштинското прашање. Ако Законот е правилно поставен и усогласен со европските и НАТО стандардите. Зошто се укинува. Наместо да се отстранат причините поради кои не се применувал. Ако проблемот е недовербата меѓу институциите тогаш должност на Владата е да изгради доверба, да обезбеди соработка и да утврди одговорност. Ако проблемот е недостигот на капацитет тогаш е должност на Владата е да го обезбеди тој капацитет. Според јавно достапните информации, повеќе од две години не бил формиран нов состав на Советот за координација на службите, и, Советот не одржувал седници иако согласно Закон тој треба да заседава најмалку еднаш на три месеци. Затоа, се поставува прашањето. Кој ги координирал службите и кој ги разгледувал заканите за националната безбедност. Безбедноста на државата не смее да биде заложник на институционална недоверба, но уште помалку смее да биде изговор за создавање нов центар на моќ, без доволно гаранции против злоупотреба. По сето она што го помина Македонија, должност на секоја одговорна власт е да ги отстранува условите за повторување на злоупотребите. Не смееме повторно да ја ставиме демократијата во положба да зависи од личното ветување на било кој политичар дека моќта нема да биде злоупотребена. Господине Мицкоски, токму вие и заради сопствената политичка одговорност, не треба да дозволите ваква концентрација на моќта. Не треба да дозволите врз вашиот мандат да остане сомнежот дека се создава механизам што утре може да се употреби против опозицијата, новинарите, бизнисмените или граѓаните што ја критикуваат власта. Затоа барам јасен и конкретен одговор. Дали ќе се
Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 3 од 3 откажете од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање. И, ќе се определите за јакнење на нивната професионалност, меѓусебна координација и независен демократски надзор. И, поврзано со ова. Зошто предлагате укинување на Законот за координација. Кога во образложението на Предлогот се наведува дека тој е правилно поставен и усогласен со стандардите на ЕУ и НАТО. Господине премиер, дали ќе покажете дека сте ја разбрале поуката од минато. И, ќе спречите да се создатат услови за повторување на злоупотребите што ја доведоа Македонија до длабока криза. На Македонија не смее да и се случи уште едно масовно нарушување на приватноста. Уште една злоупотреба на службите и уште едно губење на довербата во институциите. Граѓаните веќе еднаш ја платија таа цена, ваша должност како премиер е да не дозволите да ја плаќаат повторно.