
Венко Филипче
Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 1 од 4 О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Венко Филипче, поставено на 127-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 октомври 2026 година Почитуван пратеник ви благодарам на прашањето. Благодарам и на сето она кое што го кажавте. Тоа повеќе говори за вашата немоќ отколку за мускулите кои се обидувате да ги покажете тука. Но ќе се обидам да дадам одговор на сето она кое денеска го споменавте, на крај да ви дадам конкретен одговор и на вашето прашање. Овие прес конференции кои што вашата политичка партија ги пренесува, а што се однесуваат до изборите во Србија и нивното поврзување со нас, во контекст на тоа кој чии и каков ментор бил нема да ги коментирам. Ќе оставиме времето да даде одговор на сето тоа кое што вие го кажувате денеска и лагите кои што ги испраќате. Јас вчера се извинив во една моја изјава на граѓаните на сето она кое што ќе го слушаат во периодов кој што следи. Тоа е едноставно нивото со кое што вие мислите во овој момент дека ќе добиете гласови. Тоа е ваша одлука. Слободно водете си политика онака како што мислите. Ако мене ме прашувате за совет мислам дека чекорите многу погрешно. Но тоа е ваша одлука, јас тука нема да се мешам. Истото го зборувавте и за Орбан пред 6 месеци. Истите прес конференции од А до Ш. Споредете ги истото. И во овие 6 месеци и тогаш велевте ќе се открие криминалиите на Мицко со Орбан, не знам што ќе се случувало и така натаму. Еве поминаа 6 месеци се откри една работа дека сме земале добар финансиски кредит од страна на Унгарија и кредит кој што го употребивме соодветно, а доказ за тоа дека сме го употребиле соодветно е денешниот извештај од Државниот завод за ревизија. Денска Државниот завод за ревизија вели дека средствата од унгарскиот кредит се наменети за раст на
Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 2 од 4 македонската економија дел. Дел дека се наменети за враќање на еврообврзница која што вашата Влада ја има подигнато. Тоа е половина милијарда и дел дека се за поддршка на македонското стопанство. Државниот завод за ревизија денес тоа го кажа. Значи во овие 6 месеци нема ни К од криминал, туку потврда дека оваа Влада за оваа држава направила добро дело. Тоа е прво. Второ истите овие обвинителства за кои што вие велите европски можете сега да се занимаваат со мојот криминал во Унгарија, бидејќи Унгарија е земја членка на Европската Унија. Слободно, зошто не се занимаваат? Затоа што нема, нема ни да има. Истото ова ќе ви кажам за 6 месеци од денеска. Кога ќе поминат 6 месеци од поразот на Српската напредна партија на изборите во Србија. И истото она кое сега се обидувате како хистерија да го креирате во македонската јавност бидејќи нема. Е сега што е вашиот проблем? Вие сте медицинско лице и многу добро знаете што е потсвест и во филозофска смисла, но и во здравствена смисла. И потсвеста е многу опасна работа и таа знае секогаш да биде проблематична. И таа потсвест некогаш претставува голем товар. Тоа што вие го чувствувате како потсвест го проектирате на другите. И тоа е проблем. Ама тоа е ваш проблем, не е наш проблем. И тој проблем го гледате во континуитет кога се соочувате со граѓаните на избори. Најчесто политичарите излегуваат на избори и на тие избори граѓаните го кажуваат својот суд. Вие во континуитет сте поразени на тие избори. И јас ви кажев многу пати во минатото дека поради оваа политика која што ја водите и начин со кој комуницирате со граѓаните ќе бидете поразени убедливо и на следните избори. но повторно ќе кажам вие сте го избрале тој пат да го чекорите, не јас. Терајте, мислам дека сте во погрешна траекторија. Ме обвинивте дека сум бил човекот кој што трансферирал дрога, трансферирал пари и што уште не се изнаслушав дека сум идиот или не знам више што не изнаслушав од вас за себе. И нема да се спуштам на тоа ниво и да ви одговорам. Нема да се спуштам на тоа ниво за да ви одговорам. Мислам дека не заслужувате. Бидејќи тоа се работи кои се учат во првите седум години во животот. Најверојатно тие
Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 3 од 4 ваши први 7 години биле полни со фрустрации, па тоа сте го испуштиле. Моите 7 години беа среќни со двајца прекрасни родители кои што ме воспитаа да израснам во човек кој што нема да се служи со таа реторика дури и кога се наоѓа под најтежок притисок какао што вие сега се наоѓате во овој момент. А тој притисок е од потсвеста и од поразот кој што знаете дека секој ден е се поблиску и поблиску. Така што јас тука нема да одговорам и нема понатаму да се спуштам на тоа ниво за да вие ја добиете таа чест да јас ја задоволам и ја негувам вашата потсвест и оние 7 години први во вашиот живот кога требало да ве воспитуваат во човек кој што барем кога ја добива честа од граѓаните треба да се однесува достоинствено и пристојно. Е сега доаѓаме до прашањето ваше.конкретно ќе ви одговорам. За рудникот на антимон во Крива Паланка во местото Луке, да, сум за. Исто како што сум за јас и вашиот градоначалник. Потполно исто. Градоначалник еден од ретките на СДСМ градоначалници кои што во моментот ги има но и тој изгледа има поинаков став од ова раководство на партијата и од вас лично. И тој застана во насока на поддршка на тој рудник за антимон во местото Луке, Крстов Дол во паланечко. Да, сум, еве нај поконкретно не можам да ви одговорам од ова. Одиме понатаму. за казан Дол. За Казандол се вршеше процес на арбитража кои што беше резултат на политиките на вашата Влада која го раскина тој договор. во тој процес на арбитража кој што ни беше наследен имавме сведочења од луѓе кои што велеа дека од претходната Влада, така бар велеа, не знам дали е тоа вистина, дека претходната Влада била готова да се спогоди за одредена сума на пари. се спомнуваа цифри од 20 до 30 милиони долари да го изгуби случајот на арбитража и потоа нормално да добијат одредена награда поединци. Како заврши тој процес на арбитража? Тој процес на арбитража заврши со победа на македонската Влада. Дури и странката во случајов украинската компанија која што беше концесионер и која што ја почна таа арбитража треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата. Државата ќе плати нула. така работи оваа Влада домаќински и одговорно кај граѓаните. Сега доаѓаме до Штука и Иловица. Проектот
Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 4 од 4 почнат од Влада која што ја предводел предлог на СДСМ Владо Бучковски. Од тогаш е овој проект почнат Доаѓаме повторно сега до следна Влада, а тоа е Владата на СДСМ И Демократската унија за интеграција кога на владина седница Министерството за економија тогашно носи одлука за спојување на двете концесиски подрачја кои што се наоѓаат во областа помеѓу Штука и Иловица. За да потоа неколкумина од вашата тогашна Влада се прават дека не биле присутни на таа владина седница. Дека не се од тука, не знаеја од каде се, но викаат ние не знаеме како ова дојде, а гласале, има стенограми. И да недела дена потоа донесат одлука за поништување на претходната одлука со која што се поврзуваат двете концесии подрачја. И потоа истите овие концесионери почнуваат судски процес пред Управниот суд, односно сега ние добиваме одлука од Вишиот Управен суд која што вели дека ја поништува вашата втора одлука. Односно, одлуката со која што се поништува Односно, одлуката со која што се поништува првата одлука за спојување на концесиските подрачја и ја става во важност одлуката со која што се спојуваат концесиските подрачја, за да тие подрачја се спојат потребен е Анекс на Договорот, а Анекс на Договорот не е регулиран во Законот. И, оваа Влада запомнете, нема никогаш ништо да направи што е спротивно на граѓаните. Јас не ја распродавам, јас само го враќам тоа што вие го распродадовте. Име, територија за марихуана плантажи, француски предлози, се откажавте од македонскиот род. Тоа јас го враќам, јас никогаш нема ништо да...