Целта е да се намалат трошоците за младите семејства за полесно да дојдат до свој дом и да можат да ја планираат иднината во земјата. Стефковски ја претстави мерката како дел од политиката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на младите.
Неколку скопски општини веќе применуваат вакво ослободување, а меѓу првите беше Гази Баба. Општината ја воведе мерката кон крајот на минатата година. Брачните парови до 35 години што градат сопствен дом во Гази Баба се целосно ослободени од делот од комуналиите што ѝ припаѓа на општината.
За делот што му припаѓа на Град Скопје важат поинакви услови. Со одлука на градскиот совет, брачните парови до 40 години и самохраните родители не го плаќаат градскиот дел од надоместокот за уредување на градежното земјиште ако градат сопствен дом во границите на Генералниот урбанистички план. Тој дел изнесува 60 проценти од вкупните комуналии.
Првично се предвидувала старосна граница од 29 години. Стефковски рече дека по анализата на потребите на младите границата е зголемена на 35 години за општинскиот дел, односно на 40 години за градскиот, за да се опфатат повеќе брачни парови и семејства.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.