363 вести · 24 ч.
Берово 8°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Најдоски: Во Буџетот нема пари за обврските од Колективниот договор за култура

Гледај на YouTube

Во Буџетот нема пари за исполнување на обврските од Колективниот договор за култура, предупреди Мирче Најдоски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ. Според него, Уставниот суд утре треба да одлучува по предметот во кој е оспорен договорот што ги штити правата на илјадници вработени во културата.

Најдоски ја обвини Владата дека контролира сѐ во државата и праша дали таа однапред ја знае одлуката на Уставниот суд. Побара судот да одлучува независно, без политички влијанија.

Ако останат без договорот, илјадници културни работници ризикуваат да се вратат во положбата во која биле пред 2020 година, предупреди Најдоски. Тој нагласи дека договорот не е партиска придобивка: зад него стојат години синдикална борба, преговори и социјален дијалог преку кои вработените издејствувале подобар материјален и професионален статус.

Најдоски порача дека културата не е партиски плен и дека работниците не треба да ги трпат последиците од владините политики. Побара договорот да се спроведува во целост наместо да се укине. Според него, Владата има обврска да предложи законски решенија што ќе ги гарантираат правата на вработените.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.