Најважно
226 вести · 24 ч.
Берово -0°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Митева: По случајот во Охрид имаме уште поголема обврска да дејствуваме против насилството

Фотографија објавена на јавниот профил на Марија Митева
Фотографија објавена на јавниот профил на Марија Митева
  • Домаќин на регионалниот собир беше охридската Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
  • На собирот учествуваа и членки од Ресен, Вевчани, Струга и Дебрца.

Случајот на насилство што пред неколку дена го потресе Охрид е причина гласно да се зборува и да се дејствува против насилството, порача владината портпаролка Марија Митева. Таа синоќа во Охрид учествуваше на регионален собир на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Домаќин и организатор на собирот „Сплотени дејствуваме, одлучни против насилство“ беше Унијата на жени на охридскиот општински комитет на партијата. На охридските членки им се придружија и членки од Ресен, Вевчани, Струга и Дебрца.

Митева им се заблагодари на организаторките и на учесничките, а за поддршката им се заблагодари на пратеничките од Охрид и на Сашо Донев, пратеник и претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.