Тимот е формиран со одлука на Управниот одбор на Комората. Тој ќе ја координира соработката и со други надлежни институции, организации, компании, како и со академската и научноистражувачката заедница. Ќе учествува во подготовката и унапредувањето на стратегии, програми и мерки за дигитализација, а со Министерството ќе иницира и заеднички проекти и активности.
Една од задачите е да се поттикнат технолошкиот развој и дигитализацијата и во компаниите и во државните органи и тела. Тимот ќе го поддржува развојот на дигитални вештини и ќе поттикнува примена на вештачка интелигенција, автоматизација, роботика и технологии во облак. Во неговата работа ќе бидат опфатени и сајбер-безбедноста и анализата на податоци.
Тимот ќе следи како светските технолошки трендови влијаат врз македонската економија и ќе ја поттикнува примената на зелени, одржливи и енергетски ефикасни технологии. Целта на Комората е знаењето, иновациите и дигитализацијата да придонесат за поконкурентна економија.
Работата ќе ја координира претседателот на Комората, Азески. Членови се Анатол Кутревски, Горан Марковиќ, Виктор Мизо, Марјан Бојаџиев, Горан Рафајловски, Антони Пешев, Анета Трајковска, Михајло Донев и Стево Серафимов. Тимот ќе одговара пред Управниот одбор и најмалку еднаш годишно ќе му доставува извештај за сработеното.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.